Три години затвор и 25 илјади евра казна за македонски државјанин за обид за шверц на дрога на ГП Ѓуешево

Окружниот суд во Ќустендил му изрече казна затвор во времетраење од 3 години и парична казна од 50.000 лева (околу 25 илјади евра – н.з.) на 41-годишен македонски државјанин со иницијали М.Р. за обид да прошверцува дрога на граничниот премин Ѓуешево на границата со Македонија.



Обвинетиот се изјаснил за виновен за дека на 3 јуни 2024 година околу 16:11 часот во Софија зел на јавно место и држел до околу 19:45 часот истиот ден на подрачјето на ГП Ѓуешево автомобил што го управувал без соодветна дозвола, со цел дистрибуција на високоризични наркотични супстанции.

Станува збор за амфетамини со вкупна маса од 20,503 килограми, во вредност од 328.048 лева, и марихуана со вкупна тежина од 11,30 кг, во вредност од 226 лева.

Од затворската казна му се одзема времето што М.Р. го поминал во притвор по приведувањето на 3 јуни минатата година, а на одлуката на Судот нема право на жалба.