Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, открива дека последните бројки од анкетите за рејтингот на партиите направени во јануари покажале разлика нешто помалку од еден процент во корист на СДСМ.
„Но, од она што го добивам како повратен ефект од граѓаните, е дека имаме рејтинг кој ќе биде подобар од оној на СДСМ. Убеден сум дека е така врз основа на впечаток од средби, од социјалните мрежи. Но, тоа е впечаток изграден повеќе врз основа на чувства, а јас сакам бројки“, вели лидерот на опозицијата во интервју за призма.мк.
Мицкоски е уверен дека ќе има предвремени избори и дека на нив СДСМ ќе доживее дебакл.




