Македонија нема да испраќа војници во Украина

Извор од Министерството за надворешни работи за Плусинфо. вели дека Македонија во моментов не е спремна како држава да испрати воена помош и војска во Украина доколку тоа да биде побарано од ЕУ како безбедносна гаранција, велат



„ Не сме подготвени како држава да испратиме воена помош и сопствена војска во Украина.

Но, за другите прашања врзани со проблемот потребни се дополнителни и опсежни консултации за овие и останатите прашања со претседателот, премиерот и со сите засегнати институции“, вели изворот на Плусинфо.

Порталот од извор во МНР дознава дека Македонија останува усогласена со својот стратешки партнер САД, но и со стратешката определба за членство во ЕУ и дека  Министерството внимателно ги следи последните случувања и дека за овие прашања ќе треба дополнително усогласување на позициите зависно од развојот на ситуацијата и динамичните случувања.

Соговорникот на Плусинфо потсетува дека Македонија во овој момент може да влијае многу повеќе во НАТО каде што е членка, за разлика од ЕУ.

„ Ги разгледуваме процесите, но во ЕУ не можеме директно да влијаеме за разлика од НАТО. Таму ќе се позиционираме. Моментот е деликатен, но не би рекол дека постои или дека ќе има шизма меѓу САД и ЕУ во меѓународната политика. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте со месеци зборуваше дека постои безбедносен вакуум во НАТО. Па сега некои земји членки делуваат изненадени. Македонија се согласува со ставот на Руте. Целта од 2% од бруто домашниот производ за одбраната треба да биде минимум за земјите и ние потенцијално треба да работиме на зголемување на тој процент кај нас“,  вели изворот потсетувајќи дека Македонија за минатата година ја одржа целта за трошење 2% од одбраната.

Орбан: Финансирањето на воените напори на Украина ќе ја „уништи Европа“