Таравари: Ако јавноста е против, тендерот за паркинг во Клинички може и да се поништи

Откако вчера повеќе медиуми објавија дека „Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје во период од 20 години, а државата ќе добива 1 отсто од добивката, министерот за здравство вели дека тендерот може и да биде поништен доколку јавноста е против.



Министерот вели дека договорот со компанијата од Албанија која преку јавно-приватно партнерство треба да изгради 2 катни гаражи и да стопанисува со паркингот  ќе биде потпишан доколку по првичната помината процедура помине уште неколку филтри.

„(Договорот) не е потпишан. Паркингот на Клиничкиот центар секогаш прави многу нервоза. Ако за понудата, еве слушам, секогаш многу ми значи јавноста што ќе каже, ако ми кажат дека нешто не е во ред, пуштено е и во Влада, ако и таму ми кажат дека има одредени пропусти, нема да имаме ништо. Ќе го поништиме, ќе објавиме нов, но само ќе изгубиме една година, рече Таравари, одговарајќи на новинарско прашање.

Министерот вели дека рокот за стопанисување со паркингот не е 20 години, како што е предвидено со физибилити студијата, туку најмногу 7 до 10 години, додека на таа локација е Клиничкиот центар.

За цената за паркингот од 50 денари на час, смета дека не е превисока за Скопје, и додава дека „тука имавме автомобили кои ги оставаа тука и после излегуваа во град“.

 

Мицковски: Нема логика да дадеш паркинг за 1% ќар на албанска фирма