Колемишевски: Шарената револуција беше увозен производ што го продаде еден аграрен трговец

Дали Шарената револуција ќе остане една од најголемите тајни операции во Македонија или брзо ќе дојде времето кога ќе бидат разјаснети многу политички околности, финансиски трансакции и учество на странски фактори во неа е прашање што е останато без одговор, прашува новинарот Панде Колемишевски, во колумна за нова Македонија насловена „Паника во паркот на шарените„.



Колемишевски верува дека ќе дојде денот кога ќе се отворат тие темни страници од најновата македонска општествена историја, а надеж за тоа даваат процесите во САД, каде што се расчистуваат финансиските активности на УСАИД и Сорос, две фондации што имаат големо влијание во македонските замешателства, вклучувајќи го и маршот на шарените.

„Паралелно со разјаснувањето на заднината на Шарената револуција на македонски терен, не би требало да останат под превезот на тајната и настаните од 27 април, кога голема група влезе насилно во Собранието, физички нападна пратеници и ја доведе државата до раб на мала граѓанска војна.

Не би било без основа мислењето дека овие настани во кои чадеше Македонија треба да се поврзат и да се набљудуваат како два зависни еден од друг. Без првиот не би бил вториот. Првиот како една од најголемите измами во политичкиот живот на Македонија, вториот како една од најголемите закани по уривањето на демократијата, на уставните институции, стабилноста и безбедноста на државата“ – вели авторот на колумната.

„На оние што беа упатени во состојбите во тие бурни месеци уште од почетокот им беше јасно дека Шарената револуција е увозен производ што треба да го продадат домашни трговци.

Шефот го најдоа во биографијата на големиот манипулатор, познат аграрен трговец, претседател на моќна, идеолошки нестабилна, непатриотска и национално лабилна партија, подготвен да ги погази принципите на своите претходници“ вели Колемишевски.

(…)

„Фондацијата ‘Отворено општество’, односно Сорос е поврзуван најчесто со Шарената револуција. Неговите прсти се спомнуваат како главен логистички центар и финансиски поддржувач, за разлика од конците на УСАИД, кои за овој случај останаа непознати.

Ако Сорос од формирањето во Македонија во 1992 година вложил официјална бројка од близу 130 милиони долари, неофицијално, како што пишуваа некои медиуми, за активностите и исплатата на „шарените“ дал околу 5 милиони американски долари. Дали се само тие или има и некои други македонските власти никогаш не провериле…пишува Колемишевски.

ПОВЕЌЕ