Украдени се половина од средствата доделени на Украина од Европската унија тврди премиерот на Словачка, Роберт Фицо.
„Половина од парите се украдени. Ќе бидеме во Европскиот совет за повторно да ја отвориме темата за корупцијата во Украина, бидејќи ние влеваме пари, ЕУ влева пари, а огромен дел од нив едноставно се губи на Украина“, рече тој пренесоа медиуми.
„Киев прими милијарди како помош од Европската Унија и Соединетите Американски Држави од почнувањето на конфликтот во 2022.
Повеќе случаи на корупција ја тресеа украинската влада во изминатите три години, а во различни извештаи се тврди дека западни трговци со оружје го крадат оружјето кое го обезбедил Западот и го продаваат на црниот пазар“, пишува МКД.Мк.
Во текот на минатите неколку месеци, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев не добил ни половина од парите кои САД официјално ги издвоиле за оружје.
Фицо: „Не сакам Словачка да биде под нуклеарен чадор на Франција“






