Руската амбасада во Лондон ја стави под прашање автентичноста на наводната изјава на Јулија Скрипл, објавена во средата од „Скотланд Јард“.
„Како и досега, би сакале да се увериме“ дека изјавата е навистина од Јулија. Има доста сомнежи по ова прашање. Текстот очигледно е составен на начин што да го поддржи официјалното соопштение на британските власти и истовремено да ја исклучи секоја можност Јулија да има контакт со надворешниот свет – … амбасадори, новинари, роднини “, изјавија од дипломатската мисија на Русија во Лондон.
Руската амбасада изрази исто така зачуденост од фактот дека пораката не е прочитана од ќерката на Сергеј Скрипал, туку беше објавена во писмена форма на сајтот на „Скотланд Јард“.





