По вчерашните инциденти во српскиот парламент, претседателот Александар Вучиќ изјави дека чека да се изјасни Обвинителството и дека нема да се смири додека тие што го направија тоа не одговараат.
За вчерашните инциденти рече дека биле силеџиско и хулиганско однесување и ги обвини опозициските пратеници дека на измама успеале да внесат во Парламентот пиротехнички средства.
Вучиќ посочи и дека ќе бара кривична одговорност за одговорните.
Српскиот претседател информираше дека трите пратенички кои вчера беа повредени се добро и во стабилна состојба.
Хаос, димни бомби, јајца и повредени во српскиот парламент (ВИДЕО)






