На традиционален прием по повод 3 Март (Национален ден на Бугарија по повод ослободувањето од османлиското владеење) чиј домаќин беше бугарскиот амбасадор во земјава Жељаско Радуков, за прв пат македонската химна „Денес над Макдонија беше испеана со текст наместо само инструментално, како што беше практика досега.
Честа да ги интерпретира химните на Македонија и на Бугарија ѝ припадна на македонската пејачка Агни Авшар, дипломирана на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Приемот се одржа во хотелот „Александар Палас“ и собра високи гости од политичкиот, дипломатскиот и од бизнис-секторот.
На приемот присуствуваа министри во Владата, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени, јавни личности и припадници на бугарската заедница во Македонија.





