Државниот пазарен инспекторат утврдил неправилности во работењето кај одредени малопродажни места. Првиот човек на Пазарната инспекција за МРТ1 вели дека се работи на нивно утврдување, по што кон крајот на неделава ќе се знае со какви санкции ќе се соочат трговците кои си тераат по свое. Паралелно, до ОПМ постојано стигаат поплаки. Граѓаните реагирале оти се лепеле цени од ракав.
Досегашните конторли, според надлените, покажале дека мерките главно се почитуваат, но граѓаните тоа слабо го забележуваат.

Ограничувањето на маржите и цените, ќе ги опфати и престојните празници Рамазан и Велигден. Со владината одлука од 5% до 15% ограничена е маржата на млекото, кислеото млеко, јогуртот, лебот, брашното, јајацата, маслото, како и на 55 групи на производи, вклучително и непрехрамбени прозиводи. Се очекува намалување на цените за 10%.
За непочитување, казните се движат од 500 до 10 000 евра, како и 15 дневно затворање на дуќаните. По последните измени на Законот за заштита на потрошувачите, од средината на април маркетите ќе имаат задолжителна обрвска да ги објават цените на сите производи на своите веб страници.





