Неорадикализмот на најблискиот човек на Груби има две политички цели

Неорадикализмот на најблискиот човек на Артан Груби има две политички причини, тврдат луѓе кои биле многу блиски до него. Тие анализираат зошто Бујар Османи се обидува да се врати како релевантен говорник на јавната сцена.



Заканите од Османи за бојкот на локалните избори и предизвикување на длабока политичка односно меѓуетничка криза се причинети од неговите лични политички планови, вели човек кој добро го познава и знае како размислува.

И други луѓе од неговата партија кои сега откриваат делови од неговото малку познати досие како министер тврдат дека Османи не планира да оди во Турција да работи како лекар како што беше објавено пред повеќе од еден месец.

Негова иманентна цел според изворите од ДУИ кои сега се пасивизирани е тој да се врати во јавноста како релевантен политичар, мисија која е многу тешко да се оствари поради две причини.

Едната е неговото досие како министер во кое нема никакви успеси освен корупциски скандали како тој со самитот на ОБСЕ во Скопје и испраќање на сомнителни кадри во дипломатските претставништва.

Втората и поважна причина што Османи засега не може да се врати назад во политичка игра е неговата огромна блискост со бегалецот од правдата Артан Груби.

И во албанскиот блок кога зборува Османи јавно најголем дел од луѓето мислат дека преку него се канализираат идеите и ставовите на Груби со кој тој заедно со години го градеше позициите во ДУИ и во македонската политика.

Затоа неговите довчерашни партиски другари тврдат дека кога Бујар Османи вели дека Албанците се деградирани, дека не може да има локални избори без парламентарни избори и без враќање на Балансерот и Бадентер и без гаранцијата на Законот за јазиците Османи очајно сака да почне јавна дебата во која тој нема да биде ставам во контекст на Артан Груби.

Затоа негови сопартијци сметаат дека ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ грешат кога му одговараат лично на како што тие го нарекуваат, неорадикализмот на Османи.

,,Иако имаше периоди кога двајцата не се согласуваа па дури и се расправаа Османи и Груби се едно лице на ДУИ кое не може да се раздвои. Додека Груби го слушаше единство Ахмети, Османи не правеше ништо без Груби”, тврди човек кој добро го познава односите и во ДУИ и во скопското партиски крило.

Секој напад врз Османи во кој не се споменува Груби сега го прави релевантен играч затоа што луѓето се фокусираат на сегашноста и забораваат на нивните заеднички акции во кои се испраќааа млади новинарки за генерално конзули во Америка и на другите скандали а тоа на Османи му е неопходно.

Тој сега сака, дури и по цена да биде ,,исплескан”, да биде сам дел од политичката дебата без да се зборува за неговите заеднички гревови до Груби од 22 години владеење на ДУИ. Кога меѓу другото беше осомничен во предмет на СЈО по што мистериозно неговиот случај исчезна од масата на обвинителството кога ДУИ влезе во владата на Заев.

Другата цел на вообичаено умерениот Османи поради кои сега е поголем ,,Католик од папата” односно поголем борец за националните права на Албанците од сите други во ДУИ е неговата кандидатура за иден градоначалник на Чаир.

Тој официјално не најавува но луѓе од неговиот поширок тим не исклучуваат дека Османи ќе ги вкрсти ракавиците со кандидатот на ВРЕДИ во скопската општина од каде доаѓа екс министерот а каде ДУИ владее со децении.

Според првичните анкети Османи е единствената надеж на ДУИ во Чаир во услови кога партијата е полураспадната, голем дел од членството премина во ВРЕДИ, Груби се крие во некој од албанските елитни хотели, на Црна листа на САД се повеќе партиски функционери а за уште неколку се прават сериозни анализи и во секој момент може да бидат објавени.

,,Затоа кога Османи глуми радикализам треба да знаете дека тоа го прави за да ве предизвика вас Македонците но и ВРЕДИ да реагирате и да му ги кренете акциите”, вели еден негов партиски другар кој до пред неколку месеци ,,се крстел” во екс министерот.

„Ние велиме дека не може да има избори во услови кога Албанците ќе бидат деградирани до тоа ниво.

Ќе се создаде длабока политичка криза …

Албанците нема да дозволат денот да продолжи како ништо да не се случило. Тоа е морална обврска, тоа е национална обврска, тоа е човечка обврска кон оние кои ги дале своите животи за овој јазик. И сега ќе се однесуваме како ништо да не се случило“, изјави Османи за Дејли клик на ТВ21

„Без враќање на Балансерот, без враќање на Бадентер, без враќање на легитимитетот и без гарантирање на Јазикот, не може да има политика како и обично“, рече Османи со што успешно стана дел од јавна дебата за нови теми додека старите одат во заборав.