Коѕиас од Охрид испратен со порака (ФОТО)

Не ни го земајте името и идентитетот, пишува на билбордот поставен на централната охридска улица по која во најмалку два наврати поминала колоната во која бил грчкиот министер за надворешни работи.



На билбордот поставен од страна на Македонското Меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Канада уште пишува “Нашето име е Македонија”.

Во пораката од македонската страна се бара прекин на преговорите за името.

Билбордот досега го видел и министерот Димитров затоа што исти такви има и во неколку други градови низ Македонија.