Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на партиски состанок во Кочани зборувал за 585 милиони евра кои според него треба директно да одат во џебот на граѓаните.
,,Даваме предлог да се зголеми платата во приватниот сектор, а притоа придонесите да се замрзнат за да тоа не биде терет на приватните работодавачи. И тоа се некаде 400.000 луѓе кои што треба да имаат зголемување според нашите пресметки помеѓу 3.000 и 15.000 денари. И ако земеме просек 7.500 денари зголемување на плата, вкупно тие 400.000 вработени во приватниот сектор годишно ќе добијат 585 милиони евра. 585 милиони евра директно во џебот на вработените годишно”, порачува Филипче од партискиот состанок.

Тој не кажува зошто овие мерки не ги спровел кога беше во владата.






