„Слободан Трендафилов се однесува како да е портпарол на СДС. Дали им враќа ли за претседателското место во ССМ? Подолг период наназад претседателот на ССМ дејствува во целост усогласено со партиските соопштенија на СДС.“ – укажува ВМРО-ДПМНЕ.
Натаму владејачката македонска партија истакнува: Тоа што СДС ќе го пласира како политичка теза, Слободан Трендафилов го презема како синдикално дејствување. Барањата на ССМ се барања направени во СДС.
Усогласената политика меѓу СДС и ССМ има некои подлабоки корени, а кои се тие ќе откриеме на денешната прес-конференција.“ – соопшти ВМРО-ДПМНЕ.





