За измама со европски фондови, европското обвинителство лани почна 97 истраги во Бугарија, јавија бугарски медиуми.
Штетатата е проценета на 487,65 милиони евра, се вели во објавениот годишен извештај на институцијата на чело со Лаура Ковеши, пренесува БНР.
Во Бугарија има вкупно 254 активни истраги заклучно со 2021 година, од отворањето на филијалата на европското обвинителство во Софија.
Проценетите штети во речиси 4-годишниот период изнесуваат 1,13 милијарди евра.





