Авиокомпанијата „Трансавиа“ ќе лета двапати во неделата и тоа во четврток и во недела на релација Амстердам-Скопје-Амстердам, објави денеска на Фејсбук вицепремиерот Александар Николоски
„Ова е нова можност граѓаните да ги искористат бенефитите од воведувањето на нови дестинции низ Европа и светот.
За многу кратко време успеавме да овозможиме нови десетина дестинации од двата домашни аеродроми со што даваме силен поттик и развој на воздушниот сообраќај, поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните ”- напиша вицепремиерот на својот ФБ профил.





