За прват во преговорите за името без прашања од медиумите

За прв пат во поновата историја на преговорите за името на прес конференција на македонски и грчки министри или премиери новинарите не добија шанса да постават прашања за текот на разговорите.



Пред денешната средба во премиерската вила во Охрид македонскиот протокол на медиумите им најавил дека по изјавите нема да има можност за поставување прашања.

Ваква практика немало на ниту една предходна преговарачка рунда што може да значи дека преговорите влегуваат во критична фаза, дека двете страни се крајно внимателни и сакаат да избегнат провокативни прашања кои би предизвикале контроверзни изјави.

Ова негативно сценарио денеска, иако новинарите не можеа да постават прашања, сепак не беше избегнато затоа што министерот Димитров со споменување на грчкиот иредентизам предизвика реакции кај дел од грчката делегација во Охрид или Ахрида како што во Грција се нарекува македонскиот бисер.