ВРЕДИ: Груби со „далечинско“ раководи со ДУИ

„ДУИ, која две децении ги држеше Албанците како заложници со лаги и политички манипулации, денес е заробена од една врхушка потопена во корупција и во паника. Сега не одлучуваат повеќе ниту нивното членството, ниту гласачите – ДУИ се командува со далечинско од бегалецот Артан Груби“, соопшти коалицијата ВРЕДИ.



„Тие што некогаш се фалеа дека не се плашат ниту од бомбите од 2001 година, денес се сведени на тоа да им се тресат колената од политичките бомби на Артан Груби, се додава во соопштението.

„Дали Артан Груби е авторот на сценариото за бојкот на локалните избори?

Со што Артан Груби го држи ова раководство на ДУИ во заложништво?

Албанците треба да ја знаат вистината!

Времето на ДУИ заврши – никој нема да ги спаси од казната на народот“, соопштија од ВРЕДИ од каде претходно предупредија дека интегративците на Али Ахмети спремаат терен за бојкот на локалните избори свесни дека ќе доживеат пораз.

ВРЕДИ: Ахмети игра на последна карта – бојкот на локалнит избори