Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска се очекува до Владата да го достави предлогот со кој ќе побара зголемување на минималната плата.
Според законот платата би била нешто над 24.400 денари. Синдикатот смета дека треба повеќе. Тие бараат минималната плата да изнесува 500 евра, а придонесите на разликата од висината на минималната плата до 30.000 денари да ги субвенционира државата. Од Владата оставаат да се договорат синдикатите и работодавачите, а тие велат ќе го почитуваат договорот. Од ССМ велат дека минималната плата треба да обезбеди минимум материјална сигурност за работниците





