Орбан: Европските лидери одлучија дека војната е неопходна

 

Ова на социјалните мрежи го сподели унгарскиот премиер Виктор Орбан според кој вчера во Лондон била донесена одлука за продолжување на војната во Украина
На самитот учествуваа лидери на деветнаесет земји, а беше одлучено поддршката за Украина да продолжи и дека повторното вооружување ќе биде неопходно за безбедноста на Европа.



„Во Лондон европските лидери одлучија дека е потребна војна, а не мир. Тие одлучија Украина да ја продолжи војната“, напиша унгарскиот премиер на Фејсбук.
Додаде дека тоа е „лошо, погрешно и опасно“ и дека Унгарија останува „на страната на мирот“.

На состанокот, чиј домаќин беше британскиот премиер Кир Стармер, присуствуваа 19 лидери, главно европски шефови на држави и влади, но беа вклучени и канадскиот премиер Џастин Трудо и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

Клучна порака од Лондон: Мир во Украина е можен само преку сила