Тереза Меј на маки дали да почне војна со Сирија

Британската премиерка изгледа подготвена да се приклучи на воената акција против режимот на Асад во Сирија, без претходно да побара согласност од Парламентот, изјавија извори за Би-Би-Си.



Тереза Меј сметала дека е потребна итна акција, велат инсајдери од нејзината влада, според Би-би-си.

Меј, сакала да спречи повторување на очигледниот хемиски напад во близина на Дамаск минатата сабота, кој таа го опиша како „гнасен“.

Лидерот на британските опозициски лабуристи, Џереми Корбин предупреди дека бомбардирањето може да доведе до ескалација на ситуацијата.

Сепак, се чини дека отсуството на докази ја спречува Меј веднаш „да скокне во војна“, барем според извештајот на „Тајмс“, кој сугерираше дека премиерката побарала „повеќе докази“ за време на приватниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Ова, според РТ е поинаку од јавните изјави на Тереза Меј и на нејзините претставници кои тврдат  дека постојат „сите индикации“ дека сириската влада е одговорна нападот.