Светот не е исти откако Трамп беше реизбран, но претпоставувам дека некои луѓе го сфатија тоа дури синоќа, напиша Слави Трифонов, лидерот на „Има таков народ“ (ИТН), на својот Фејсбук профил, изразувајќи поддршка за ставот на бугарскиот претседател Румен Радев откако му се спротивстави на премеиерот Жељзаков, нарекувајќи ја неговата позиција – губитничка.
„ Украино, биди храбра и силна, ние сме со тебе!“, напиша бугарскиот премиер по средбатаТрамп-Зеленски во Белата куќа.
Слави ТРифонов на ова вели:
„На 400 километри од нас се води војна и таа мора да престане. Напорите на сите луѓе кои имаат можност да влијаат на ова мора да бидат насочени кон едно – да се запре војната. И размислете, која е другата опција? Дали таа треба да продолжи? Како? Еден од учесниците има нуклеарно оружје и може да го уништи целиот свет.
Многу е лесно да се вика од страна на Украина: „Ајде! Ние сме со тебе“.
Од друга страна, никогаш нема да испратиме бугарски војници во Украина. Навистина, да се биде лицемер во ситуација кога умираат толку многу луѓе е толку ниско.
Реалноста е веќе поинаква и, од сите изјави што ги видов денеска, мислењето на претседателот Радев е реално, практично, богоугодно и национално. Без лицемерие, доследно и како војник кој знае како е да си го ризикуваш животот секојдневно, претседателот Радев го искажува ставот што го делам, напиша Трифонов.
Радев „го искара“ бугарскиот премиер за поддршката на Украина






