Поранешниот командант на НАТО Весли Кларк, во статија во „Вашингтон пост“ пишува дека Балканот може повторно да западне во криза, а САД и ЕУ морале итно да реагираат.
Според него, иако дека повеќето Американци и Европејци мислеле дека бруталните конфликти на Балканот се минато, тоа било далеку од вистината.
„Постојаните политички конфликти од етно-религиозен карактер се закануваат да прераснат во меѓународна криза, поради што регионот стана примарна цел за мешање на странски сили“, вели Кларк.
Оптоварен со слаби државни институции, со економска стагнација и неразвиена демократија, Балканот бил интересен за насилните џихадисти кои бараат регрути за терористички организации, но и за валкани игри кои ги имплементирале Русија, Турција и Кина.
Тој наведува цела низа опасности: Кремљ одамна го зголемува своето влијание и работи на зголемување на анти-ЕУ и анти-НАТО расположението и „ги поттикнуваат православните против муслиманите“; Турција и земјите од Заливот инвестираат многу во Западен Балкан; . Саудиска Арабија обезбедува многу пари за изградба на џамии; Кина, сериозно го трасира својот пат кон Балканот, преку иницијативата „еден појас, еден пат“ вели Кларк.
„Значи, јасно е дека САД и ЕУ мора да останат посветени на Западен Балкан“, вели генералот во пензија.
„Ајде да се осигураме дека огромната инвестиција што ја направивме во турбулентниот регион да колабира. Треба да ја обновиме нашата заложба за успехот на Западен Балкан. Ние треба да им помогнеме на нестабилните демократии во овој регион да го достигнат својот целосен потенцијал“ заклучува Весли Кларк во авторскиот текст во „Вашингтон пост“.





