Независните медиуми во Источна Европа се загрижени дека одлуката на Американската администрација за намалување на средствата за странски програми на Агенција за меѓународен развој на САД (УСАИД) за 92 отсто ќе придонесе за демократско назадување во некои од земјите од овој дел на континентот.
Според Репортери без граници, УСАИД во 2023 година финансирала обука и поддршка за 6.200 новинари, 707 новински куќи и 279 граѓански организации, кои работат на зајакнување на независните медиуми.
Репортери без граници предупредува дека одлуката за кратење на средствата од УСАИД може да резултира со значителното влошување на медиумските слободи во многу земји каде поддршката од САД им овозможи на повеќе медиуми да работат независно од авторитарното влијание или да ги надминат економските тешкотии.
Според медиумски професионалци од источноевропските земји, наглото намалување на финансиската поддршка од САД може да и нанесе трајна штета на медиумската инфраструктура во Источна Европа.
Никита Дулнев, главен уредник на независната руска новинска куќа „Медијазона Централна Азија“ што работи од егзил, вели дека ако не се најде решение за финансирањето ќе дојде до „темнина во регионот, а демократијата умира во темнина“
Целиот текст прочитајте го тука.





