Обвинување за брутална кражба – Сител во војна со мистериозни нарачатели во ФФМ (ВИДЕО)

Обвинување за брутална кражба го означи почетокот на војната која телевизија Сител ја започна со мистериозни нарачатели на спортска неправда на натпревар во организација на Фудбалската Федерација на Македонија.



Во својот прилог емитуван во централното издание на своите вести во средата ТВ Сител обвинува дека по налог на непознати нарачатели судијата на мечот Вардар – Силекс со сомнителни одлуки помогнал во поразот на клубот од Кратово.

Фудбалскиот клуб Силекс е дел од семејните проекти на сопственикот на Сител Горан Иванов.

Во видеото за бруталната кражба како што се нарекува судењето на судијата Фуркан Идризи се посочени неколку за Силекс спорни моменти кои за нив се доказ дека натпреварот бил однапред изгубен со судиско влијание.

Во прилогот се споменува претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија Масар Омерагиќ но од Сител не можат да кажат дали судењето на мечот Вардар – Силекс било нарачано од него или претседателот на судиската организација Јосип Бартон делегирал контроверзен и неискусен судија за овој меч по нарачка на други луѓе во ФФМ.

Од Сител обвинуваат дека во два наврати оваа сезона некој во судиската организација на ФФМ делегира судии со кои Силекс мора да ги забуни мечевите.

Сител најавува дека оваа појава во која жртва е Силекс будно ќе ја следат од телевизијата.

ТВ Сител е најгледана и најмоќна македонска телевизија а најавата дека овој случај ќе се следи будно може да значи отворена медиумска војна со најмоќната спортска федерација во Македонија.

На табелата на првата македонска фудбалска лига Силекс е на четврто место со 38 бодови а Вардар со трите бода од мечот во средата избега од последното место на табелата и сега има 16 бода.

Прилогот на Сител со обвинувањата за спорните моменти