„Филип Андов Сокол кој е член на ЦО на СДС на Венко Филипче, е синоним за начинот на функционирање на СДС и ДУИ.
Филип Андов Сокол кој е исто така поранешен советник на Заев е доказ за криминалното владеење на СДС во изминатите 7 години“ се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС соработувала со криминалци, а преку Филип Андов Сокол стигнале до ниво и државата да работи за криминалци. Сокол трошел државни ресурси и народни пари за да се рашетуваат криминалците од Шутка.
Филип Андов Сокол од затворот Шутка направил хотел, тешки криминалци излегувале кога сакаат и каде сакаат а униформирани лица тајно ги транспортирале до местото до кое тие сакале, со службени возила и трошеле службени ресурси.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека СДСМ и Филип Андов Сокол наместо да се борат против криминалот преку нив државата работела за криминалците.
„СДС да не го штити туку да го осуди и исклучи од ЦО Филип Андов Сокол.
Правда и одговорност мора да има.
Време е корумпираните носители на јавни функции да бидат онеспособени и спречени да го корумпираат општествениот систем.
Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е одлучна, неселективна и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата во општеството“, се вели во партиското соопштение.
Огромен скандал во затворот ,,Шутка”, ќе биде ли уапсен директорот Филип Андов – Сокол






