Собранието не ѝ изгласа недоверба на Владата на Заев

Владата на Зоран Заев без проблеми го помина првото гласање недоверба во Собрание по речиси 10,5 месеци на функцијата, откако вечерва 62 пратеници се изјаснија против интерпелацијата, 40 беа за, а двајца воздржани.



Ова е епилогот од 12-часовната дебата, со која опозициската ВМРО-ДПМНЕ го прекина бојкотот на законодавниот дом, но заедно со коалициските партнери не обезбеди доволно гласови за да ја урне Владата предводена од СДСМ.

Двата воздржани гласа беа од пратеници на Алијанса за Албанците и на БЕСА.

Од 107 присутни пратеници на седницата, тројца не гласаа, меѓу нив и лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, иако во текот на дискусијата нагласи дека Заев не заслужува поддршка.

(фото: влада.мк)