Орбан му кажа фала на Трамп: Силните луѓе прават мир, слабите мажи војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вечерва по средбата меѓу американскиот и украинскиот претседател во Белата Куќа му кажа фала на Трамп користејќи ја синтагмата ,,Силните луѓе прават мир, слабите прават војна”.



Орбан е еден од ретките европски лидери кој вечерва му даде отворена поддршка а одамна се залага за крај на војната во Украина.

,,Силните луѓе создаваат мир, слабите мажи прават војна.

Денес претседателот Доналд Трамп храбро се залагаше за мир. Дури и ако на многумина им беше тешко да се свари. Ви благодариме, господине претседателе”, објави Орбан на социјалната мрежа Х поранешен Твитер по што веднаш беше споделена од најблискиот соработник на Трамп, Илон Маск.

Преходно повеќе европски лидери му дадоа поддршка на Зеленски.

Тешко е да се каже кој кого овде …

Фотографија од милион зборови ја опишува катастрофалната средба Трамп – Зеленски во Белата Куќа (ВИДЕО)