Иако нивната држава во тековните разговори за разликата за името постојано зборува за некаков иредентизам на северниот сосед, само 2,5 проценти од Грците ја сметаат Македонија закана за Грција.
Според резултатите од истражувањето на јавното мислење од Грчка фондација за европска и надворешна политика (ЕЛИАМЕП), секој втор Грк, односно 50,5 пеоценти, како закана за неговата земја ја гледа Турција, но процентот паѓа и покрај актуелните тензии меѓу двете земји по апсењето на двајцата грчки војници и нивно држење во притвор во Едрене.
За 4,5 отсто од анкетираните, пак, Германија претставува закана за Грција.





