Еден од најголемите апологети на СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е на погрешна страна на историјата поради соработката со САД.
Зоран Иванов, екс владин портпарол во време на СДСМ кој бил и директор на државната новинска агенција МИА во владеење на социјалдемократите, сега тврди дека ВМРО-ДПМНЕ е на погрешната страна на историјата затоа што премиерот Мицкоски има добри односи со официјален Вашингтон и ја поддржа американската резолуција со која се бара прекин на конфликтот во Украина.
,,ВМРО ‘41-ва била на погрешната страна на историјата!
ДПМНЕ ‘25 – та репризира”, пишува Иванов кој индиректно Трамп и неговата администрација ги споредува со Хитлер и нацизмот.
Дополнително Иванов очигледно не знае дека ВМРО воопшто не постоела во 1941 година затоа што е распуштена во 1936 година.
Најголем дел од преживеаните членови на организацијата биле дел од партизанските одреди кои се бореле против фашистичкиот окупатор за слобода на Македонија.
Еден од нив е и Панко Брашнаров член на првиот Централен комитет на ВМРО (Обединета) и потпретседател на Президиумот на АСНОМ.






