Ќе се постигне ли конечно договор меѓу синдикатите и работодавачите, за кои Владата ќе биде посредник?! Синдикатите бараат минимална плата од 500 евра, оние 450 за кои притискаат речиси една година повеќе не се во игра. Идниот месец минималецот треба да се зголеми на 24.500 денари. Од ССМ пак предлагаат да биде 30.500 денари, а за разликата од 6.000 денари, работодавачите да бидат ослободени од придонеси, односно да бидат субвенционирани 12 месеци.
- Од последниот социо-економски совет, станува се позивесно дека работодавачите и владата нема да исплаќаат поголема минимална плата од 400 евра, односно онолку колку што е соглансо законот, изјави Иван Пешевски, потпретседател на ССМ.

Овој предлог деновиве ќе го пратат и до Владата и до Собранието. Со дел од бизнисот имале средба и генерално се со сличен став околу минималецот. Премиерот Мицкоски пак чека да види дали двете страни ќе постигнат договор.
Се поизвесно е дека минималецот од март ќе се зголеми за законските 2.000 денари, а не како што бара Синдикатот за најмалку 5.000. Комисијата која треба да ја утврди репрезентативноста на ССМ, се уште не е формирана, а без неа Синдикатот нема легитимитет да преговара. Премиерот најавува нејзино формирање на следната или на некоја друга седница и не гледа причина минималната плата да се утврди истиот месец кога ќе почне и да се применува.

- Минималецот може да се донесе и во март, бидејќи се исплаќа почетокот на април. Ако се заврши со договор меѓу работодавачите и синдикатот, нема никаква дилема, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Инаку репрезентативноста на ССМ истече на крајот на декември. И додека парите секогаш се проблем, се крои нова кошница. Во синдикалната минимална кошничката влегуваат 63 производи и најголем дел од нив се и во онаа на Државниот завод за статистика каде има над 200 продукти и која ДЗС ја објавува еднаш во годината.





