Ова за ТВ21 го тврди бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
„Нема никаква драма, нема никаков проблем, Бугарија ги има исполнето апсолутно сите барања кои и судот во Стразбур никаде не кажува, или има пресуда, дека Бугарија треба да признае малцинства. Нема таква работа.
Има да ги исполни критериумите за регистрација на невладини организации, а кога некоја организација ги исполни овие критериуми, тие ќе бидат регистрирани, како што се регистрирани две организации од луѓе, кои се претставуваат како етнички Македонци.
При последниот попис во Бугарија, да не згрешам, беа илјада или колку кои се запишале како етнички Македонци.“ вели Ковачев во интервју за ТВ21.
Но тој е загрижен за правата на Бугарите во Македонија:
„Познавам многу луѓе кои живеат во Македонија, а кои се плашат да кажат дека се Бугари затоа што ќе им биде уништен бизнисот, ќе ја загубат работата или нивното дете ќе биде навредувано“, вели тој во интервјуто..
„Има толку многу луѓе кои се вознемируваат во сегашна Република *Македонија да кажат дека се Бугари, дека ќе си ја изгубат работата, дека во училиште нивното дете ќе биде навредувано дека е „бугараш“, дека татко му е бугарофил, дека ќе му го уништат бизнисот, ако има бизнис дека нема да купуваат од неговата продавница ако има некаква продавница“, вели Ковачев.






