Администрацијата на Трамп елиминира 2.000 позиции на USAid во САД

Администрацијата на Трамп во неделата соопшти дека го става на платено административно отсуство сите освен неколку вработени на USAid и елиминира околу 2.000 од тие позиции во САД.



„Од 23:59 часот во недела, 23 февруари 2025 година, целиот персонал директно ангажиран во USAid, со исклучок на назначениот персонал одговорен за клучните функции за мисијата, основното раководство и/или специјално назначените програми, ќе биде ставен на административно отсуство на глобално ниво“, се вели во известувањето од Агенцијата, пренесе Гардијан

„Истовремено“, се додава во известувањето, Агенцијата „почнува да спроведува „Силна редукција“ што ќе влијае на околу 2.000 лица-персонал на USAid во САД.

Во петокот, федерален судија ѝ го отвори патот на администрацијата на Трамп да стави илјадници работници на USaid на одмор, што претставува неуспех за синдикатите на владините службеници кои тужeа поради, како што го нарекоа, обидот за разбивање на Агенцијата.

Државниот секретар, Марко Рубио, беше назначен за вршител на должноста администратор на USAid од Доналд Трамп на почетокот на овој месец. Непотпишаното известување дојде од „канцеларијата на администраторот“.

Двајца поранешни високи функционери на USAid изјавија за Ројтерс дека мнозинството од околу 4.600 вработени во агенцијата, вработени во американската државна служба и надворешни служби, ќе бидат ставени на административно отсуство.