Ова го потврди премиерот Христијан Мицкоски по најавите на здравствените власти и дека во реконструкција на болницата ќе се вложат 12 милиони евра.
Според најавите на премиерот седум операциони сали ќе добијат современи апарати и европски стандарди.
„Ќе добиеме европски услови во таа здравстевен установа, неколку операциони сали ке бидат со светска апаратура по европски стандарди, ќе се реконструира и кровот бидејќи протекува. Неможе некој доктор да оперира и да му тече од горе, за жал некој тоа не го видел последниве десет години, а ние тоа го видовме“, изјави Мицкоски според кој сите документи за отпочнување на реконструкцијата се веќе потпишани и деновиве ќе бидат објавени деталите.
Минатата недела на прес-конференција, директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски кажа дека Владата планира да ја стави на пауза идејата за изградба на нов клинички центар поради демографскиот пад на населението, од една страна, но и неискористените капацитети на ГОБ „8 Септември“ кои можат значително да го растеретат постојниот Клинички центар „Мајка Тереза“.
-Дел од капацитетите не се искористени како што треба. Од сите постоечки капацитети во Македонија, најблиску до стандарди за нешто повеќе, вклучувајќи и за универзитетска клиника, има ГОБ „8 Септември“, изјави Клековски.





