Украинското Министерство за надворешни работи вчера го повикало македонскиот амбасадор во Киев за му врачи демарш.
Амбасадорот Столе Змејковски од украинските претставници добил протестна нота поради откажувањето на концесијата што украинска фирма ја доби за рудникот Казандол.
Од украинското МНР Змејковски бил информиран дека Киев ќе ги искористи сите правни и дипломатски средства за да ги заштити правата на своите граѓани и фирми во Македонија.
Неофицијално, Украина ќе бара над 300 милиони евра оштета за откажаната концесија во Казандол.





