Пронајдени пари и мобилни телефони кај затвореници

На 21.02.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје,  од  Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на влез во установата, при претрес кај осудениците Н.А., Х.A., Л.И. и Ј.П. биле пронајдени пари и мобилни телефони, соопшти МВР.



Додека, при извршен преглед во возилото со кое пристигнале, биле пронајдени марихуана и мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.