„СДС стана најголем антитрампистички лидер во регионот! Со зачуденост, но и со загриженост, ја следиме вчудоневидувачката трансформација на СДС во антитрампистички лидер во регионот. За СДС не е никаков проблем нивниот близок пријател и коментатор Сашо Орданоски јавно да го навредува претседателот на САД Доналд Трамп нарекувајќи го ‘лажго, неонацист и необразован политичар’.“– регираше владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.
Натаму ВМРО ДПМНЕ истакнува? И што прави СДС по ова? Громогласно молчи!
Се прашуваме: дали ова значи нивно отстапување од државниот курс, утврден уште во 90-тите години? Што е следно: да играат на “Расцвјетале јаблани и круши”? Дали можеби Левица го одигра своето влијание врз раководството на СДС и нивните сателити? Или е ова е резултат на мрачните структури поврзани со тајните служби од регионот, кои работат на тоа Македонија да скршне од својот евроатлантски пат?
Што е следно? Венко и Фани да играат на „Расцветјали јаблани и круши“, додека Фрчкоски и Чупеска во прв ред ракоплескаат? Вратете се на курсот. – порача ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.
Home Македонија СДС стана најголем антитрампистички лидер во регионот! – За нивниот Орданоски Трамп...





