Високата комсарка за надворешната политика на Европската унија (ЕУ), Каја Калас, смета дка комуникацијата меѓу САД и Русија покажува дека Москва не се откажала од своите територијални цели во Украина, пренесува „Ројтерс“.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги шокираше Европејците со одржувањето на билатерални мировни разговори со Русија без Украина, предизвикувајќи стравувања дека неговиот пристап кон ставање крај на конфликтот ќе биде од корист за Русија.
„Ние разбираме од овие интеракции што Русија ги имаше со Американците дека тие не се откажаа од своите цели“, рече Калас на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 во Јоханесбург .
„Тие сакаат максимум и повеќеод тоа“, вели Калас.
Таа предупреди дека „ако му дадеме сè на агресорот, тоа испраќа сигнал до сите агресори во светот дека можат да го направат тоа“.
Калас рече дека некои земји премногу се фокусираат на посредување кога треба да вршат политички и економски притисок врз Русија за да ја прекине војната.
Таа потсети дека Трамп го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „диктатор“ и го повика да прифати мировен договор со Русија или да ризикува да ја изгуби својата земја.
Калас, меѓутоа, додаде дека е прерано да се зборува за испраќање мировни трупи во Украина – нешто што беше разговарано од европските лидери во Париз оваа недела – пред прекинот на огнот.






