Ги обвинувал родителите дека го малтретирале, дека поради нив станал импотентен, дека лекарите не го лечеле добро…
Човекот што уби две лица кога со комбе влета во преполна ресторанска тераса во германскиот град Минстер изминатиот викенд навестил дека ќе се самоубие во писмо што го испратил до пријателите и роднините.
Делови од писмото долго 18 страници беа објавени во германскиот печат и од тоа може да се заклучи дека убиецот страдал од психолошки проблеми, но не бил мотивиран од политички екстремизам.
48-годишниот, Јенс Ритер, според извадоците објавени во весникот Билд, бил разочаран од сите – почнувајќи од неговите родители до лекарите кој не го лекувале успешно и му фо упропастиле животот.
Во писмото напишал дека посакувал да умре уште кога имал седум години бидејќи родителите го малтретирале, поради што станал импотентен, пренесува британски „Телеграф.
Значи имало индиции дека ќе изврши самоубиство, но полицијата соопшти дека нема индикации дека тој го планира нападот во саботата.
Ритер го испратил писмото до неколку соседи, како и до пријатели и роднини. Еден од нив, Даниел У, за „Шпигел“ изјави дека ја предупредил полицијата за самоубиството.
„Човекот беше вознемирен, имаше параноја“, рече тој и додаде дека „Само затоа што човек се заканува со самоубиство, не може да очекувате од него да изврши напад.
48-годишниот имал успешен професионален живот како дизајнер на мебел и имал четири куќи низ Германија.
Полицијата ги отфрли првичните сомневања дека нападите можеби биле мотивирани од врски со германската политичка екстремна десница.




