Министерката за образование и наука Весна Јаневска на средбата со претседателот на СОНК, Јаким Неделков најави дека многу скоро потпишување на новиот колективен договор за подобрување на правата на вработените во основните и средните училишта.
„Ва во оваа прилика сакам да информирам, тие во март годинава ќе го добијат второто покачување на платите за 7%, откако во октомври минатата година го добија првото за 5%“, истакна министерката.
Средбате беше продолжение на конструктивниот социјален дијалог, во насока на усвојување нов колективен договор за основното и средното образование.
Министерката потенцираше дека за прв пат растот на платата е поврзан со степенот на инфлација, за да се обезбеди реално зголемување на приходите на вработените во основното и средното образование.






