(Видео): Мицкоски гостин на Атлантскиот совет, зборуваа за иднината на трансатлантските односи во Западен Балкан

Центарот за Европа на Атлантскиот совет беше домаќин на премиерот Христијан Мицкоски. Во интервјуто за телевизијата на Атланскиот совет премиерот на Македонија говореше за иднината на трансатлантските односи во Западен Балкан, осврнувајќи се на односите со Грција, посебно со Бугарија и нашето членство во ЕУ. Тој ја нагласи улогата на коридорите коипоминуваат низ Макеоднија и какво е нивното значење за НАТО, како и за гасоводот Александропулис.



Мицкоски се осврна на американските инвестиции во нашата земја.

Премиерот беше прашан за уставните измени, односно за внесување на Бугарите во Уставот. Тој рече дека ЕУ нема ист критериум во однос на човечките права, бидејќи Судот за човекови права во Стразбур донесе 14 пресуди во корсит на македонското малцинство во Бугарија, а таа како членка на ЕУ не ги спроведува.