Паника во скопскиот кривичен суд, осомничена за две кривични дела од ефективен притвор си оди дома

Паника меѓу судии и стручни соработници во скопскиот Кривичен суд кои се шокирани од одлуката на судот осомничена за две тешки кривични дела од притвор да си оди дома.



Иако претходно на барање на обвинителството осомничената добила 30 дена притвор затоа што згазила пешак на пешачки премин таа денеска на магичен начин добила трансформација на мерката и треба да оди во домашен притвор.

Изворите во Кривичниот суд Скопје еден велат дека со одлуката за домашен притвор за осомничената ќе се испровоцира јавноста за нови негативни емоции кон судовите и обвинителството. Според нив се работи за чист случај со две кривични дела за кои други луѓе биле судени на повеќегодишни затворски казни.

Сообраќајката за која осомничената добила притвор се случила веднаш по трагедијата во која почина Фросина Кулакова.

Настанот во кој едно лице е повредено се случил во Центарот на Скопје.

Сведоци на случката на социјалните мрежи тврдеа дека осомничената на пешачки премин ја удрила жртвата која неколку пати се превртила но на чудесен начин останала жива.

Според нив иако јасно видела дека удрила човек кој паднал осомничената го напуштила местото на настанот и се криела од полицијата додека не била откриена.

Според МВР праксата осомничената која сега треба да оди во домашен притвор направила две кривични дела: Загрозување на безбедност во сообраќајот и неукажување на помош со што и се закануваат затворски казни од вкупно 4 години затвор.

Министерството за внатрешни работи на први Февруари информираше дека е пронајдена и приведена 42 годишна жена која со автомобил удрила пешак и избегала без да му помогне.

„На 31.01.2025 во 17.30 часот во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје е пронајдена и лишена од слобода С.В.М.(42), затоа што на 31.01.2025 околу 14 часот на крстосница од бул. „Кузман Јосифоски Питу“ и ул. „Бојмија“ со патничко моторно возило „цитроен“ удрила во пешакот А.М. (38) од Скопје и го напуштила местото на настанот без да укаже помош на повредениот. А.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани телесни повреди“, велат од МВР.

Откако по наредба на јавен обвинител С.В.М. е задржана во полициска станица и по поднесената кривична пријава по брза постапка таа доби ефективен притвор со новата одлука осомничената сега се пушта во домашен притвор.

Изворите во Кривичниот суд кои одбиваат да ја преземат вината за новиот скандал велат дека по овој случај кој се одвива додека низ Македонија се организираат протести за грозоморното сообраќајно убиство јавноста ќе има дополнителни право да обвинува дека дел од судиите и обвинителите се корумпирани.

Кривичниот суд се уште не објавил детали за најновиот развој на настаните за овој случај.

Најчитани вести

Приштина ги понижи Мала Речица и Али Ахмети

Кабинетот на претседателката го демантира ДУИ, бара партијата да не манипулира и шири лажни вести