Патријархот московски и на цела Русија, Кирил, му го честита големиот христијански празник Велигден на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
„Ве молам примете ги моите искрени честитки по повод празникот над празниците и прославата над прославите – Воскресението Господово!
Христос воскресна!
‘Христос умре за сите, кои не живеат повеќе за себе, туку за него, тој умре за нив и воскресна’ (2 Кор. 5. 15). Да се живее за Бог значи да се посветиш себе си, да им служиш на ближните, да дадеш конструктивен придонес за иднината на човековата цивилизација, за зајакнувањето на моралните идеали во општеството, на мирот и добрососедството меѓу земјите и народите.
Ви посакувам од Воскреснатиот Христос Спасителот поткрепа на духовната и на физичката сила, благословени успеси во високата служба на својата татковина и народ“, се вели во честитката.
Покрај на Иванов, рускиот патријарх Кирил честитка со идентична содржина им испрати и на претседателите Прокопис Павлопулос на Грција, Румен Радев на Бугарија, Никос Анастасијадис на Кипар и Александар Вучиќ на Србија.





