Над 1000 прехранбени и непрехранбени производи треба да поевтинат од денеска откако стартуваа одлуките на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите до 30 април.
Лебот, јајцата, млекото, јогурт, брашно тип 400 и тип 500 киселото млеко и маслото за јадење до крајот на април ќе ја имаат цената што ја имале на први февруари. За овие производи маржата е ограничена на 5%.
Маржа од 10% ќе се пресметува за месото и месните преработки, за шеќерот, оризот, гравот, за тестенините, за сирењето, кашкавалот, маргаринот, путерот, кафето, соковите, конзервирниот зеленчук и овошје, како и за одредени алкохолни пијалаци.
На дел од свежото овошје и зеленчук ќе се пресметува маржа од 15%. Истата маржа ќе се пресметува и за средствата за лична хигиена и бебешката храна.
Производите во маркетите треба да бидат означени со „Помалку трошоци, повеќе за тебе“.





