Ковачев до Дескоска: Со лаги во учебниците не може да се продолжи

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев реагира на изјавата од македонската министерка за образование и наука Рената Дескоска дека „во учебниците нема да се менува историјата“.



„Така нема да се разбереме со бившите титови комунисти! Со лаги во учебниците, како во Македонија, така и во Бугарија, не може да се продолжи!“, напиша Ковачев на својот профил на Фејсбук.

„Не станува збор за бришење на историја или измена, тоа е апсурдно кој било да помисли тоа да го прави. Ние сакаме да им дадеме на нашите ученици можност да учат од учебници кои не содржат грешки“, изјави Дескоска во интервју за Радио Слободна Европа.