Не било масакр, туку „санитарен отстрел“ на диви свињи

Невладините организации и медиумите го нарушуваат угледот на државното ловивиште, а минатонеделниот отстрел на над 50 диви свињи, за што беше споделувана фотографија на социјалните мрежи, бил всушност санитарен чин а не масакр, велат од ЈП „Јасен“ по реакциите во јавноста.



Од„Јасен“ велат дека  во случајот немало ништо спорно и дека ловот на животни бил согласно законот, а сите отстрелани животни биле мажјаци.

Директорот на Јавното претпријатие „Јасен“, Новица Зечевиќ, за весникот “Независен“ изјави дека основна дејност на ‘Јасен’ е ловот. „Имаме и сопствен репроцентар, за одгледување и заштита, како и за обезбедување на природната рамнотежа на дивечот…“

Зечевиќ вели дека еднаш во годината задолжително има ваков лов, а ако има потреба, и двапати.

Од таму тврдат дека стрелањето било согласно законот, односно во затворениот дел од резерватот, а сите животинки биле мажјаци.

Од Јавното претпријатие потенцираат дека сезоната за лов била завршена само на отворено, а во затворениот дел ловот е дозволен преку целата година.

Од невладината организација за заштита на животни, „Анима мунди“, најавија дека ќе поденесат кривична пријава за случајот.

Поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружи, демантираше дека стрелал во животните иако бил присутен на настанот.