„Македонците со своите 53-проценти учество во населението се самопрогласено доминантно мнозинство во оваа мултиетничка држава * Македонија, која не ја бидува како држава. Тие не само што не се мнозинство, туку и не можат самостојно да прават што сакаат со оваа држава. Македонците се обидуваат да станат доминантно етничко и јазично мнозинство, но тоа никогаш нема да стане стварност. Нивниот обид за длабока етничка доминација во оваа мултиетничка држава никогаш нема да се заврши како процес и ќе остане само обид. Македонците сакаат да играат голем фудбал на голем терен, но имаат ист број играчи како за мал фудбал во сала, само за екипа од 5 играчи. Овдешните Албанци, кои се автохтони и неделиви на своите територии, заедно со Албанците од другите држави, се компактното мнозинство во оној преостанат дел од 47 проценти од населението на државата, што е вистинското мнозинство, а не Македонците.“ – овие крајно провокативни тези со елементи на омаловажување на македонскиот народ врз етничка основа ги изнесува Рамадан Рамадани од Скопје во својата „анализа“ со наслов „Обид за етничко доминирање во мултиетничка држава“, која е објавена во некои медиуми на албански јазик во Македонија и на општествените мрежи.
Покрај другото, Рамадани тврди: „Оваа држава сега со име * Македонија не ја бидува и не функционира. Нема перспектива. Има дефект, во неа нема ниту за работа, ниту за живот. Оваа држава има разни сериозни болести, кои треба да се лекуваат: застој на развојот и на евроинтеграциите, нарушен систем на правда и делење неправда, владеење на олигарси, партии и ајдуци, домашни и меѓународни…Се врши обид и за длабока етничка доминација во оваа мултиетничка држава. Но тоа останува само како обид и никогаш нема да може да се заврши како процес, ниту да стане фактичка стварност, со оглед на основните бројки за етничката припадност на граѓаните на оваа држава.“
„Кај другите државата и народот се еднонационални, а од друга страна македонските и меѓународните медиуми објавуваат вести за официјалните податоци од Бугарија колку граѓани на Македонија, колку Македонци секоја година добиле бугарско државјанство и бугарски пасоши. Вистината е дека Бугарија им дава бугарско државјанство само на оние, кои се изјаснуваат како Бугари, им го дава само на Бугарите во Македонија, воопшто не им го дава бугарското државјанство на другите македонски државјани Албанци, Турци, Срби, Роми.“
„Во оваа мултиетничка држава * Македонија имаме работа со одвај 53-процентно етничко мнозинство и до 60-процентно јазично и верско мнозинство. Значи според ниеден параметар не станува збор за некакво доминантно мнозинство. Значи, овие пак не би биле мнозинство, што може да доминира, и да не би биле ние другите, речиси мнозинство од 47 проценти, главно Албанци автохтони и недделиви на териториите и историски и во овој момент со Албанците во другите држави.“
„Овие основни бројки покажуваат оти оние другите не само што не се мнозинство, туку и дека всушност не можат самостојно да прават што сакаат со оваа држава. Дури ни кога знаат што сакаат да прават. Овие се пријавуваат да играат голем фудбал на голем терен, но со ист број играчи како за мал фудбал во сала. Наместо со единаесетмина, што е услов за фудбалска екипа, овие одат со 4+1, со екипа со пет играчи.“
„Факт е дека преостанатиот дел од мнозинството, од речиси половина од населението, се повеќе од 30 проценти Албанци, според бројките на официјалниот последен попис. Ова е компактното мнозинство во преостанатата половина од населението. Во оние 47 проценти немаме работа со поделба на уште 5 други етнички припадности, туку имаме повеќе од компактна третина од вкупната бројка на населението и повеќе од две третини во онаа втора половина, односно во оние 47 проценти од населението.“
„Да замислиме само еден момент овдешните Албанци да се однесуваа политички како Србите во Босна и Херцеговина и да имаа лидер, кој ќе зборуваше во јавноста како Милорад Додик за српскиот свет! Некој ќе беше болен, поради зборовите за политички идеи и стремежи за поделба, за албански свет, за обединување со матичната држава. Тогаш ова самопрогласено мнозинство ќе ја третираше државата како амбуланта за лекување, ќе ја направеше државата дури и како болница и санаториум за лекување! А кај нас не е дека не ни доаѓа на ум ова споредување меѓу албанскиот свет и српскиот свет. Само да замислиме да го кажел тоа истото некој албански претставник од Косово или Албанија, или да го споредиме со слични, но многу поблаги изјави од Бугарија, Турција или Грција?! Жалбите, врисоците и работата ќе одеа до Советот за безбедност на ОН!“
„Овој обид за етничка доминација останува само обид и преправање дека е доминација и поради фактот што уставот на оваа држава е неповратно изменет со Охридскиот рамковен договор. Во тој устав повеќе нема само еден службен јазик во оваа земја. * Македонија е унитарна држава, но и со овој устав правото на јазик на мајчиниот јазик и на култура за населението со повеќе од 20 проценти мора да се почитува насекаде на национално рамниште: и во оние општини каде што може да има и само еден Албанец, значи и во Берово, Струмица, а не само во Чашка и Битола.“
„Сето ова покажува дека во оваа мултиетничка држава не е можна никаква етничка доминација и оти тоа не е можно ниту на јазичен план. Значи, на национално ниво, оваа држава според уставот нема само еден службен јазик. Дури и обидите да има само еден службен јазик секогаш ќе останат само обиди и обиди.“
Home Македонија Рамадани: Македонците се самопрогласено мнозинство во Р*М! Сакаат да играат голем фудбал...





