Зеленски не сака да ги дели природните ресурси со САД

 

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека американскиот предлог за договор за клучните минерали е неправеден бидејќи не вклучува и безбедносни гаранции и дека не сака Украина да стане центар за суровини.



Минатата недела Киев му испрати на Вашингтон ревидиран нацрт-договор кој би можел да ги отвори неговите огромни ресурси на клучни минерали за американските инвестиции за да помогне да се добие поддршка од САД, поради загриженоста во Киев поради претходната американска верзија.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој не се обврза да продолжи со витална воена помош за Украина, рече дека сака 500 милијарди долари во метали од ретки земји од Киев за да ја „обезбеди“ поддршката на Вашингтон.

На ова реагираше Зеленски:

„Реков „овој документ не е готов, нема да го потпишеме. Продолжете да работите на овој документ“, изјави Зеленски за некои турски медиуми по разговорите во Анкара во вторникот.

„Јас сум секогаш отворен за вашата инвестиција во нашата земја, во нашите природни ресурси… Но, ако сакаме да дадеме нешто, мора и да добиеме нешто“, ја цитира државната новинска агенција Анадолу неговата изјава.

„Не сакаме да станеме центар за суровини за кој било континент“, рече тој.

Зеленски го претстави договорот во интервју за Ројтерс овој месец.

Предметните минерали ќе вклучуваат метали од ретки земји, како и титаниум, ураниум и литиум…

Трамп сака ретки метали од Украина – Зеленски спремен за трампа