Трамп: Да бев јас претседател тогаш, ќе ја спречев војната во Украина

„Можев да склучам договор за Украина што ќе им ја дадеше речиси целата земја, сè, речиси целата земја, и никој немаше да биде убиен, ниту еден град немаше да биде уништен, ниту една купола немаше да биде урната. Но, тие избраа да не одат по тој пат“ изјави мериканскиот претседател Доналд Трамп .



Тој го обвини и поранешниот претседател Џо Бајден за неговата политика кон Украина.

„Мислам дека можам да ја завршам оваа војна“, рече Трамп.

Тој ја отфрли загриженоста на Украина дека таа не учествува во американско-руските разговори во Саудиска Арабија за ставање крај на војната во Украина и рече дека не се противи Европејците да испратат мировници во земјата ако сакаат.

За идејата на европските лидери разговараа за испраќање мировници како безбедносна гаранција во случај на мировен договор рече:.

„Би било добро да има војници таму, јас не би бил против тоа“, им рече Трамп на новинарите во неговата резиденција Мар-а-Лаго во Палм Бич.

Ова е прва изјава на Трамп откако претходно во вторникот во Ријад американската и руската делегација започнаа дијалог за Украина. „Русија сака да направи нешто“, рече американскиот претседател, истакнувајќи дека Украина можела да постигне договор пред многу години.

Тој се осврна и на неодржувањето избори во Украина.

„Зарем народот на Украина не треба да каже нешто како ‘Знаете, помина долго време откако немавме избори’. Тоа не е работа со Русија, тоа доаѓа и од мене и од многу други земји“, рече Трамп.

Мандатот на претсдателот Зеленски истече минатата година…