Цените на поевтините производи за широка потрошувачка повеќе растат од цените на поскапите. Така инфлацијата посилно удира по посиромашните. Тоа е феноменот наречен евтинфлација (cheapflation). Затоа треба конечно да престане оваа хистерија на постојани генерални ограничувања на маржите и на цените и да се прифати предлогот да почне процес на намалување на цените на производите што ги користат семејствата со пониски доходи во секојдневната употреба. Ова е вистинската појдовна точка за секаков дијалог меѓу социјалните партнери по ова прашање. Секаква репресија врз бизнисот е неприфатлива. Наместо тоа, сопствениците на маркетите треба самикте да препознаат дека саморегулацијата е и нивен интерес, пишува Трајко Славески.
“Најпрво, должам објаснување за кованицата од насловот, која за прв пат е во печат на македонски јазик. Ако ме прашате дали самиот сум ја смислил или некој ми ја кажал ќе ви одговорам дека, сепак, не сум оригинален овој пат. Единствено што направив е да го преведам од англиски зборот „cheapflation“ (евтино+инфлација), кој некои автори го лансираа неодамна, како објаснување на еден феномен забележан глобално, во бројните манифестации на злото наречено инфлација.
По дефиниција, инфлација имаме кога во економијата има општ раст на цените, со што се намалува куповната моќ на парите. Лицата чиишто доходи воопшто, или бавно се приспособуваат за да го следат растот на цените, осиромашуваат побрзо од поимашните.
Е сега, кој е новиот феномен, објаснет од британски економисти (Чен, Ливел и О’Конел) во минатата година, со анализа на движењето на цените во малопродажба во Велика Британија?” пишува Славески.
Целата реакција прочитајте ја тука.





